Зошто Надворешно Рекламирање?

slajfna

Со енормниот развој на електронските медиуми и интернетот во последните педесетина години, прашањето зошто воопшто да се избере надворешно рекламирање како начин на пренесување на маркетиншките пораки се наметнува само по себе. Одговорот на ова прашање сумирано може да се искаже преку следниве поенти:

- Надворешната реклама не може да се “исклучи“. Поради фактот што се наоѓа на јавни места, надворешното рекламирање неминовно ја испорачува пораката. За разлика од останатите типови на реклама, надворешната реклама не може да се “исклучи“, или да се фрли во кантата за отпадоци. Пораката се испорачува 24 часа во денот, седум дена во неделата без можност истата да престане да се перцепира.

-Репетиција. Пораките во надворешното рекламирање се базираат на принципот на фреквенција. Со оглед на тоа дека вообичаено истата порака останува на едно место најмалку еден месец, луѓето кои минуваат или се возат на таа релација, секој ден ја примаат истата порака што е од особено значење во рекламирањето. 

-Надворешното рекламирање нуди најголема ефикасност за вложените пари. Сите современи истражувања укажуваат дека надворешното рекламирање има најниски трошоци по илјада гледачи на пораката (таканаречени CPT - Cost per Thousand трошоци) во споредба со останатите медиуми. CPT ги претставуваат потребните трошоци за пораката да се пренесе на илјада потенцијални гледачи. Во надворешното рекламирање тие се обратно пропорционални со месечната циркулација на минувачи покрај секоја локација. На пример, ако се платат 100 € за билборд кој има месечна циркулација од 1 000 минувачи, всушност се плаќа 0,1 € за едно гледање. Ако се платат 500 € за билборд со месечна циркулација од 20 000 минувачи, цената за едно примање на пораката изнесува само 0,025 €. Математиката зборува сама за себе...

Сето погоре кажано, е причината зошто денеска и покрај развојот на електронските медиуми надворешното рекламирање не  го губи своето значење. Според податоците кои ги изнесува AAOА - American Association for Outdoor Advertising, надворешното рекламирање ќе расте со годишна стапка од 8% до 2011 година, што го прави најбрзо растечка категорија на рекламирање по интернетот.