За Компанија

За нас

Akzent Media измина долг пат од своите почетоци во 1995 година. Во моментов, компанијата располага со широка палета на рекламни објекти чија бројка надминува 2000 рекламни површини. Нејзиниот раст е доказ за долгорочната посветеност кон клиентите и нивните барања. Искуството акумулирано од различните предизвици со кои се соочила компанијата низ нејзиниот развој е преточено во брзината и квалитетот при изведбата на кампањите и развиените силни односи со клиентите. Фактот што денес компанијата е прв избор на секој клиент кога станува збор за надворешното рекламирање е доказ за довербата која ја имаат клиентите во Akzent Media за спроведување на своите кампањи и постојаноста во поглед на квалитетот  на услугите кои ги нуди компанијата на секој кој ќе ја одбере за соработка, без оглед на големината и буџетот на клиентот.

Akzent Media е компанија ориентирана кон клиентите и нивните потреби. Имајќи ја ваквата ориентација како двигател на развојот, компанијата настојува да се придржува кон следниве основни начела во своето работење:

-Квалитетот на услугите е основно мото на компанијата. Успешноста во испорачувањето на истиот квалитет на услуга во секоја кампања, без оглед на нејзината големина и покриеност, претставува основа да ги задржиме постојните клиенти и да освоиме нови.

-Брзината со која се спроведуваат кампањите честопати е од критична важност во рекламирањето. Искуството кое го има Akzent Media во процесирањето на кампањите е гаранција за тоа дека тие ќе бидат брзо, ефикасно и успешно извршени. Со Akzent Media, клиентите се секогаш сигурни дека ќе го добијат она што е договорено во договореното време.

-Естетиката е можеби најважниот елемент на секоја реклама. Во таа смисла Akzent Media континуирано инвестира во нови
иновативни рекламни објекти и на тој начин постојано го подобрува и проширува своето портфолио на рекламни површини. Компанијата настојува да соработува со сите локални субјекти кои се вклучени во дизајнирањето на јавниот простор и на тој начин да биде активен чинител во развивањето на истиот.